8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Честитка од претседателот на Собранието Џафери за Националниот ден на Власите

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод Националниот ден на Власите – 23 мај.

„Со овој значаен ден за припадниците на влашката заедница се одбележува и залагањето на вашите предци за признавање на влашкиот народ како посебен народ и придонесот во правец на зачувување на влашкиот јазик и култура.

Влашката заедница е уставно признаена заедница која активно придонесува во општествениот и културниот живот во Република Македонија, и претставува важна нишка од минатото, сегашноста и иднината на нашата држава,“ вели Џафери во честитката.

поврзани објави

Последни објави