Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата и безбедносните служби веќе го знаат идентитетот на осомничениот напаѓач, кој со бомба усмрти 22 лица по концертот во Манчестер арената.
Меј во изјавата пред резиденцијата на Даунинг Стрит, рече дека сепак официјалните лица се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот.
Според неа, бомбашот сам го извел нападот, но се уште нема информации дали некој му помагал во подготовките за нападот.