Македонскиот претседател Ѓорге Иванов пристигнува во дводневна посета на Москва. Денес рускиот патријарх Кирил ќе му ја врачи наградата за 2016 година, која го носи името на претходниот руски патријарх Алексиј Втори. Церемонијата ќе се одржи во градскиот храм “Христо Спасителот”.
Наградата се доделува на Ѓорге Иванов поради неговите напори за продлабочување на единството на православните народи, афирмацијата на христијанските вредности во општеството и за други заслуги. Исто така, денес Иванов ќе оствари средби со патријархот Кирил и епископ Тихон, викар на Московскиот патријархат и на цела Русија.
Утре Ѓорге Иванов ќе биде примен од рускиот претседател Владимир Путин.