0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

„Тврдина 2“ одложен за 3 јули – Грујевски се чувствува невин

За време на судското рочиште во Кривичниот суд за предметот „Тврдина 2“, првоосомничениот Горан Грујeвски рече дека ги одбива сите наоди и дека се чувствува невин. Со изјава дека се чувствуваат невини по обвинението на СЈО настапија и шестте службенички кои се дел од обвинетите во случајот.

СЈО го презентираше обвинението без присуство на медиумите бидејќи се работело за класифицирани документи. Претходно, судијката ги прифати декласифицираните докази кои одбраната ги спореше.

Грујeвски е поранешниот началник на петтата управа во УБК. Според обвинението на СЈО, Грујевски се сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзана со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година. Следното рочиште е закажано за трети јули.

поврзани објави

Последни објави