11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Њујорк ги засилува безбедносните мерки поради случката во Манчестер

Властите во Њујорк денеска ги засилуваат безбедносните мерки на клучни места во градот по експлозијата на концертот на Ариана Гранде во Велика Британија, иако претходно изјавија, дека нема индикации за страв од терористички напад во САД.

„Тој очевиден акт на тероризам, насочен кон млади тинејџерки и млади луѓе, е необјаснив и одвратен напад врз нашите универзални вредности како човечки суштества. Нападот против еден е напад врз сите нас и Њујорк ја изразува својата солидарност кон британскиот народ и нашите пријатели во светот во борбата против силите на теророт,“ рече градоначалникот на Њујиорк Ендрју Куомо во соопштението.

поврзани објави

Последни објави