Луѓето кои на 27-ми април насилно влегоа во Собранието на Република Македонија и ги нападнаа пратениците од СДСМ и албанските политички партии денеска добија условни казни, откако го признаа делото.
Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април добија условни казни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во вршење службена должност.
Најголема казна Судот му изрече на Димче Христовски наречен Жабата кој доби условна казна од година и пол, во кои не смее да го повтори делото инаку му се активира затворска казна од 1 година и 6 месеци.