Претседателот на ДУИ, Али Ахмети без потписи од лидерите, ја објави платформата која најверојатно ќе му биде доставена на новиот мандатар, кој ќе треба да ја состави идната влада.
Како прва и главна точка во барањето се наметнува официјализирање на албанскиот јазик како втор официјален во земјата, за што тврдат дека не е потребно да се менува Уставот, туку само Закон. Но, за еден таков Закон да биде изгласан, ќе бидат потребни гласовите и на ВМРО-ДПМНЕ односно СДСМ.
Во барањата ќе има обид и за промена на химната и грбот на државата, како и можност за формирање на ново Министерство, кое би требало да биде Министерство за политички систем и односи меѓу заедници, кое би требало да настане од СЕП за Рамковен.
Партиите од албанскиот блок целосно ја продолжуваат и работата на СЈО без никакви притисоци, кое очекуваат да ги реши и случаите во Сопот, Монструм и Куманово (Диво Насеље).
Овие високи барања на трите политички партии, ДУИ, Алијанса на Албанците и БЕСА е многу веројатно да не бидат прифатливи ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, па многу веројатно е воопшто да не дојде до договор за формирање на влада.
Доколку никој не успее да формира влада, ќе следува широка коалиција, по која ќе бидат распишани и нови избори во најбрз можен рок.