-0.2 C
Skopje
Friday, January 17, 2025

Лондон со засилени мерки за безбедност

Лондонската полиција денеска соопшти дека започнала со преиспитување на безбедносните процедури на сите јавни собири во британскиот главен град и дека низ Лондон ќе бидат распоредени дополнителен број вооружени полицајци.

Ваквите мерки се преземаат по синоќешниот терористички напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, при што загинаа 22 лица.

„Специјалци од нашиот тим за планирање и експерти за безбедност детално ги преиспитуваат сите планови за претстојните маниферации во градот,“ соопшти лондонската полиција.

Со новите мерки ќе биде предвидено распоредување на дополнителни полициски сили и на помали манифестации, на кои првично не било предвидено присуство на полицајци во поголем обем, како и зголемување на бројот на патроли на вооружени и невооружени полицајци на клучните локации во Лондон.

поврзани објави

Последни објави