„Канал 5 е телевизијата која учевствуваше во владината пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Како парламентарно мнозинство имаме одговорност кон граѓаните и таа наша трансапрентност сакаме да ја покажеме и пред формирање на Владата. Ни треба Влада која ќе ги охрабри граѓаните. Ќе мора да создадеме тим кој на граѓаните ќе им ги решава проблемите.“ Ова вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го изјави заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Таа рече дека веќе се разговара за дел од ресорите во идната Влада.
Отворено е прашањето колку од партиите ќе учевствуваат во Владата, а колку ќе ја поддржуваат Владата. Движењето БЕСА зборуваше дека ќе ја поддржи Владата, но на почетокот инсистираа дека не сакаат да бидат дел од владините коалици. Сакаме што поголемо мнозинство, но тоа да има јасен договор и за одговорноста и за принципите и резултатите, додаде таа.
На новинарско прашање дали Шекеринска може да биде идната министерка за одбрана, таа рече дека се е шпекулација, дури не се знае кој е договорот.
„Не сакам да лицитирам за имиња,“ рече Шекеринска.
Во однос на поканата на Могерини до претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој ќе учевствува на неформалната вечера на премиерите на шесте балкански држави, како претставник на Македонија, Шекеринска истакна дека е многу важно Македонија да не остане со празно столче на еден ваков важен настан.
„Многу беше важно Македонија да не остане со празно столче. Направија голем гест со поканата до лидерот на СДСМ.“
Во однос на законот за употреба на јазиците таа рече дека новата Влада ќе биде таа која ќе го предложи а нивната цел ќе биде правата на сите граѓани да бидат подобрени.
„Владата на Република Македонија ќе го предлага законот за употреба на јазиците. Нашата цел е правата на сите граѓани да бидат подобрени. Државата да биде поефикасна во нудењето на тие права, а од друга страна тоа да не значи минус и за сите останати, и сето тоа да биде според Уставот и законот.
Како Влада и како луѓе ќе се трудиме да ги решаваме проблемите. 600 000 граѓани, воглавно млади ја напуштија Македонија. Тоа е огромен минус за државата. Целта ни е ако може некој од нив со шанси овде во државата, да ги вратиме овие луѓе“, рече таа.
Шекеринска рече дека до Собранието веќе поднеле предлог за екстерното и ги повикале сите партии да не го одолговелкуваат овој процес, за да почне Собранието да работи. Шекеринска во гостувањето вети и бесплатно болничко лекување. Шекеринска истакна дека тие ќе се залагаат за подобра Армија која ќе биде според НАТО принципите и стандардите.
„Мора да ставиме точка на големото занемарување на АРМ. Зборуваме за суверинитет на државата. Каков е тој суверинитет на државата, кога оние кои одат во војна во име на Македонија, ги оставаме на цедило? Ќе создадеме Армија која ќе биде според принципите на НАТО.