fbpx
-1.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Осуда за заканите по живот упатени на новинарката Ирена Радовановиќ

АКТУЕЛНО

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите по живот кои и се упатувале на новинарката Ирена Радовановиќ.

Вакви притисоци врз новинарите во минатото беа инспирирани и организирани од структури блиски до СДС со цел да се заплашат оние медиуми и новинари кои размислуваат и пишуваат поинаку од матрицата на СДС.

Почитувани само болен ум може да напише закана од типот:

„Ќе бидеш однесена во институција за душевно болни во Kосово, каде што лудаците ќе се изживуваат врз твоето тело. Се надевам дека нема да бидеш многу оштетена, бидејќи после тоа идеш у жолтата куќа. Таму ќе престанат сите твои проблеми. Не плаши се, тоа нема да боли. Едноставно, ќе престанеш да постоиш. Но затоа, твоите органи ќе продолжат да живеат во некои други тела. Мозокот не. Иако е ептен испран, премногу е болен за да се постигне добра цена за него“.

Ова, почитувана јавност, не е само обид за цензура. Ова е директна закана по животот на новинарката Ирена Радовановиќ.

Целата хајка против новинарите, во која директно се вклучија и активисти на СДС, започна со објавата на Зоран Заев со која ги прогласи медиумите и новинарите за свои најголеми непријатели.

Оттогаш следеа низа на напади врз новинари – неистомисленици со СДС и Зоран Заев. Нападнат беше новинарот Дејан Николовски, нападнат беше новинарот Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, нападнати беа новинарската екипа на Сител телевизија и просториите на Радио Слободна Македонија и Република, а имаше отворени закани по живот до новинарите на интернет порталот Курир.

Последниот случај на отворени закани по живот беа упатени до Ирена Радовановиќ, долгогодишен новинар, само заради тоа што ги критикува политиките на СДС и Зоран Заев.

Ова само ја покажува лицемерноста на СДС кои декларативно зборуваат за слобода на говор и медиуми, а длабоко во себе кријат тоталитарна свест од времето на едноумието. Молкот од СДС за овој случај го отвора сомнежот дека тие на еден или на друг начин се поврзани со заканите, заплашувањата и притисоците врз новинарите.

Очекуваме министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок да го расветли случајот и лицето кое испраќа заканувачки пораки, да биде соодветно санкционирано“, изјави Дарко Костовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -