6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Земјотрес од 4.3 според Рихтер се почувствувал во Албанија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 4.3 се случил денеска во 12.30 часот со епицентар во Албанија, 110 километри западно од Скопје.

„Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван најсилно во западните делови на Република Македонија, и тоа во Дебар со интензитет од IV-V степени, и Гостивар со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Во Скопје и во југозападните делови од територијата на Македонија – во Кичево, Тетово, Охрид и Битола, земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави