fbpx
2.8 C
Skopje

Костов: СЈО отпочеток зазеде страна и му чисти терен на Заев

АКТУЕЛНО

СЈО не ја оправда целта за која е формирано и се прашувам со кое право сега бара продолжување на мандатот. Наместо со правни, се служи со политички средства за отворање истраги и за поднесување обвиненија, смета политичкиот аналитичар Сотир Костов. Според него, мандатот на специјалното обвинителство во никој случај не треба да биде продолжен бидејќи не покажа никакви резултати.

Се прашувам што правеа една и пол година. Освен снимените материјали, не покажаа релевантни докази. Не покажаа никаква стручност и професионалност. Премногу навлегоа во политика. Јасна е целта на ова обвинителство, а тоа е уништување на ВМРО. Но тие очигледно не знаат што значи ВМРО и дека тоа е запишано во кодот на македонскиот народ и никој не може да го уништи – вели Костов за Телеграф.мк 

Тој е дециден дека СЈО отпочеток зазело страна и дека му чисти терен на Заев, најпрво со повлекувањето на случајот „Пуч“, а потоа и со поднесување обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Костов, има две можности да се продолжи мандатот на СЈО, но двете се малку веројатни.

– Политичката можност е да се согласат четирите партии потписнички на договорот од Пржино, а правната е измена на членот во Законот за специјалното обвинителство каде што е наведено дека рокот за поднесување обвиненија е 18 месеци – додава аналитичарот за Телеграф.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -