fbpx
28.8 C
Skopje

Честитка на УМС на ВМРО Народна по повод „Св Кирил и Методиј“

АКТУЕЛНО

Унијата на Млади сили на ВМРО Народна Партија им го честита на граѓаните на Република Македонија 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Почитувани граѓани, денеска прославувајќи го 24 мај, оддаваме почит кон славното дело на Мисионерите на христијанството, светите браќа од Солун, Св. Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост и литература, но и кои се заслужни за културниот развој на сите словенски народи, меѓу кои и македонскиот.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените, служеле на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. Папата Јован Павле втори на 31 декември 1980 година поради овие заслуги ги прогласил за копокровители на Европа. Свети Кирил и Методиј се јавуваат и како тема во многубројни дела кои се поврзани со уметност и култура. Во Рим биле примени со поголеми почести од папата Адријан 2. Тој ги одобрил Македонските богослужбени Книги и наредил да се врши Богослужба во три римски цркви. И после нивната смрт, светите браќа оставија траг за долго време да се споменуваат нивните имиња и дела.

Ние како Унија на Млади сили на ВМРО НП сме горди што сме Македонци и потомци на овие големи луѓе.

Нека ни е честит денешниот празник!, стои во честитката на Унијата на Млади сили на ВМРО НП.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -