fbpx
-2.2 C
Skopje

Канал 5 го избрка Васко Ефтов

АКТУЕЛНО

Емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, почнувајќи од оваа недела веќе нема да се емитува на телевизијата Канал 5, пишува порталот Плусинфо.мк

Како што пишува порталот, раководството на телевизијата се одлучило на ваков чекор, откако Ефтов ги игнорирал многубројните предупредувања дека во неговите емисии премногу често упатува клевети и навреди, со што го загрозува угледот на оваа медиумска куќа.

Капак на се била последната емисија „Во центар“ во која Ефтов пласирал невидени небулози меѓу кои и тврдењето дека Федерика Могерини и Јоханес Хан се под контрола на Сорос

Ние имавме разбирање за честите претерувања на Васко Ефтов и на неговите сомнителни извори, но тој ги надмина сите граници и освен тоа, на социјалните мрежи, почна дрско да полемириза со нашите предупредувања. Поради тоа без многу премислување одлучивме неговата емисија веќе да не оди на нашата телевизија – вели извор на Плусинфо од овој медиум.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -