6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пациентка со срцева болка и притисок од 200/100 одбиена за преглед

Пациентката Билјана Ангеловска која почувствувала болка, стегање и притисок во градите и која имала притисок од 200/100 денеска при посета на доктор со приоритетен упат била вратена дома. И покрај тоа што во амбулантата немало гужва, Ангеловска со висок крвен притисок не била прегледана, а за тоа не добила никакво образложение.

Во изјава за ПОГЛЕД Ангеловска вели дека побарала потврда со образложение зошто не можела да биде прегледана и покрај тоа што била со приоритетен упат, со симптоми кои се загрижувачки и за кои што докторите морале да реагираат веднаш.

Сабалје си отидов на работа, со редовна терапија. Околу 10:30 ми се качи притисокот. Ми го измерија притисок 200/100. Звонев да ми дадат упат за да можат да ме прегледаат. Сестра ми го зеде упатот. Единствен термин каде што можело да се даде приоритетен било во Железара. Ја дадов книшката со документација каде што во Петокот ми бил 200/130 што е алармантно,“ вели Ангеловска.

Таа додава дека во амбулантата немало многу луѓе по што очекувала дека ќе биде прегледана веднаш после приемот на останатите двајца кои биле пред неа.

„Очекував дека за пола саат ќе завршат со нив и дека ќе ме викнат. Во меѓувреме во ходниците се разнесуваа мекици. Откако го примија упатот, сестрата ми рече дека ќе ме примат утре. Јас побарав да добијам документ односно потврда во која ќе се образложи која е причината поради која не можеле да ме примаат. Побарав да отидам до директор, директорка, управа, било кој, но потоа ми кажаа дека таа била излезена. Една г-ѓа од управата ми рече: А да да го почекате вие докторот од втора смена, за да бидете прегледани. Чекајте таму во ходникот. На ова јас и возвратив дека не сум во состојба да чекам бидејќи не се чувствувам добро. Отидов во Ремедика, си платив приватно. Со стегање во гради и со три ЕКГ каде што има прескокнување на срцева работа, дежурните здравствени работници одбија да ме примаат, да ме прегледаат и да ми укажат помош,“ вели Ангеловска.

поврзани објави

Последни објави