Љубовта нè тера да сонуваме. За иднината, најчесто со нашиот/та сакан/а, се разбира. Но оваа магија, без која не можеме, понекогаш ни делува силно збунувачки. Не тера да веруваме во работи кои не се реални.
Живееме во заблуда, додека ги пропуштаме знаците на судбината и вистинските можности. Имате романтична врска? Видете ги 3-те најчести митови за романтичната љубов.
Мит 1: Верувањето дека партнерот е извор на нашата љубов.
Кога се заљубуваме, силно веруваме дека љубовта доаѓа од другите но всушност таа се наоѓа во секој од нас. Сакаме колку што сме способни. Способноста да сакаме зависи од нас самите. Но срцето на вљубените верува во тоа дека партнерот е извор на љубовта и дека има само еден човек, кого може вистински го да сакаме.
Тоа се разбира е мит. Нашата љубов не е ограничена и не е потрошен материјал. Ако има било какви ограничувања, тие потекнуваат од нас самите. Се разбира дека е важно и партнерот да чувствува силни чувства, за да ги нахрани нашите, но водечката емоција произлегува од нас.
Мораме да ја најдеме љубовта внатре во себе, а потоа да ја бараме во саканиот/та.
Мит 2: Љубовта и страста треба да останат непроменети, како на почетокот на врската.
Кога ќе започнеме нова врска, таа поминува низ неколку фази и промени. Тоа не менува и нас, партнерот и емоциите кои ги чувствуваме еден кон друг. Погрешно е верувањето дека романтичната врска започнува со многу страст, која треба да остане непроменета.
Всушност ништо во животот не останува непроменето. Така е и со љубовта. Понекогаш таа е посилна, понекогаш има подеми и падови. Љубовта се развива и созрева со годините. И покрај тоа може да биде константна, но не и непроменета.
Мит 3: Љубовната врска е главен извор на среќа.
Исто како љубовта, така и среќата зависи од нас самите. Очекуваме толку многу од нашите партнери, што ги прави одговорни за нашата благосостојба и виновници за нашата несреќа. Иако е важно нашиот партнер/ка да нè тера да се чувствуваме сакани, сигурни и среќни, поголемиот дел од тоа да чувствуваме среќа зависи од нас самите.
Обидете се да ја најдете среќата во себе. Предадете ја на вашата сакана и тоа ќе се врати кај вас двојно. Но не мислете дека кога почнувате нова врска таа или тој ќе се одговорни за вашата среќа и внатрешна рамнотежа. Ако не се најдете себеси, нема да можете да се пронајдете и со вашиот сакан/на.