fbpx
24.8 C
Skopje

Италија по четврти пат домаќин на Самитот на Г-7

АКТУЕЛНО

Во Таормина, на островот Сицилија, денеска и утре ќе се одржи средбата на врвот на Г-7 (САД, Франција, Велика Британија, Италија, Германија, Канада и Јапонија).

Тоа ќе биде прво учество на форумот во овој формат за лидерите на четири држави – американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Франција, Емануел Макрон, британскиот премиер Тереза Меј и премиерот на Италија, Паоло Џентилони.

Останатите учесници се германската канцеларка Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

На средбата се поканети и претставници на земји од ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд, Нигер, Нигерија, Кенија, Етиопија и Тунис, пренесоа француските медиуми.

Се очекува главна тема да биде безбедноста на граѓаните, дополнуваат агенциите.

Италианскиот премиер Џентилони соопшти дека на разгледување ќе ја поднесе декларацијата за борба против тероризмот, пренесе ТАСС.

Заради атентатот во Манчестер и засилената загриженост од терористичка закана во Велика Британија, британскиот премиер ќе го скрати своето учество на форумот.

Италија е ротациски претседател на Г-7. Досега оваа земја пет пати ги организираше средбите на врвот на групата – во 1980 и 1987  година во Венеција, во 1994 година во Неапол, во 2001 година во Ѓенова и во 2009 година во Аквила.

Меѓу темите од дневниот ред се економската, еколошката и социјалната оддржливост и намалувањето на нееднаквоста.

Се очекува лидерите да се обидат да го убедат Трамп САД да не се повлекуваат од Парискиот договор за климата. Претседателот изјави дека одлуката за тоа ќе ја донесе откако ќе се врати во Вашингтон од својата прва турнеја во странство

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -