fbpx
15.8 C
Skopje

Харадинај: Aко станам премиер, Србија нема да постои на Косово!

АКТУЕЛНО

оранешниот командант на ОВК и сегашен лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој е кандидат за премиер, изјави денеска дека „Србија нема да постои на Косово“ ако тој ќе стане претседател на владата.

“Ние немаме проект проблеми со Србија, но таа нема да постои на Косово. Значи, државата Србија нема да има никаква улога на Косово,” истакна Харадинај во Пеќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно истакна дека „евентуалниот избор на Харадинај за премиер на Косово ќе претставува проблем за Србија“.

Харадинај е кандидат на коалицијата меѓу Демокартска партија на Косово, Алијанса за иднина на Косово, Иницијатива за Косово и други девет помали партии.

Косовскиот претседател Хашим Тачи распиша вонредни парламентарни избори за 11 јуни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -