8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ОМ: Ја разбираме нервозата кај Груевски, ги охрабруваме чесните членови да преминат во вистинската десница

Обединети за Македонија не е ничив привезок ни истото ќе биде, реагираат од партијата на Љубе Бошковски на обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Jа разбираме нервозата кај опозиционерот ДПМНЕ затоа што секојдневно членови ја напуштаат таа партија и преминуваат во нашите редови времето на политичари кои сакаат да декларираат лажен патриотизам заврши.

Ги охрабруваме чесните членови да продолжат да преминуваат во вистиската десница со што истата би се обединила околу вистинските демохристијански-десничарски вредности кој овааа гарнитура на ДПМНЕ не ги поседува“ се вели во демантот на Обединети за Македонија.

поврзани објави

Последни објави