6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

До кога Никола ќе глуми премиер?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски продолжува со своите активности на терен. Тој денеска заедно со директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски изврши увид на градежните работи во новата административна зграда на ЕЛЕМ.

Од она што можеше да се слушне од директорот, 98 – 99 отсто од зградата е завршена. Остануваат некои мали финеси, чистење на објектот, внесување на мебелот и некаде крајот на јуни ќе има вселување на луѓето кои ќе работат тука. Се работи за објект за кој ЕЛЕМ инвестираше околу 15 милиони евра, околу 10.000 метри квадратни и трајно решавање на проблемот со сместување на компанијата ЕЛЕМ, истакна Груевски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ поголемите простории се од огромно значење за компанијата  бидејќи ќе го подобрат квалитетот на работењето, но и ќе се заштедат пари бидејќи досега за кирии се давале илјадници евра.

Информираше дека заедно со новата административна зграда на ЕЛЕМ се работи и на зградата на регулаторните тела, кој како што рече, е сличен по големина и сличен по инвестицијата. „Станува збор за сместување на шест регулаторни тела. Две згради кои што претставуваат објекти на државата, објекти во кои што се сместуваат државните органи. Поголем дел од нив, да речеме регулаторните тела беа под кирија, сега се сместени во сопствени објекти, или пак беа сместени во премали простории и не можеа соодветно да работат,“ рече Груевски.

Груевски додава дека имал можност да слушне и за другите развојни проекти од нивната примарна дејност и може да каже дека имаат направено навистина сериозен напредок во однос на голем број енергетски проекти.

 Некои проекти се во фаза на градба, некои се во фаза на физибилити студија, некои во фаза на проекти или во фаза на отворање тендер за градба, истакна Груевски, додавајќи дека во исто време се направија огромни заштеди, но и огромни напредоци во однос на многу енергетски проекти во Република Македонија.

Ова не е прв пат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да се појавува на вакви настани. Имено, Груевски претходно се појави на увид во новата зграда на министерството за транспорт. Партискиот лидер тогаш се распрашуваше за квадратурата, како и за градбите околу зградата. На новинарско прашање – во кое својство се појавува на владини настани, Груевски одби да коментира, одговарајќи кратко дека има настан.

 

поврзани објави

Последни објави