fbpx
-0.2 C
Skopje

Костоски до Груевски: Без лобирањето на Љубчо Георгиевски никогаш не ќе станевте претседател на ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Претседателот на ОК на ВМРО Народна Партија ОХРИД, Ванчо Костоски кој важи за еден од поблиските луѓе на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски излезе со реакција на својот ФБ профил по вчерашните обвинувања од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека коалицијата „ВМРО за Македонија“ е приврзок на СДСМ.

Костоски во своето излагање на ФБ, го потсетува претседателот на ВМРО ДПМНЕ дека станал претседател на партијата токму благодарение на Љубчо Георгиевски, чие лобирање било пресудно иако мнозинството од членовите на тогашниот Конгрес биле за Марјан Ѓорчев и не можеле да го замислат Никола како нивни лидер.

„Најпрво партијата и местото претседател на ВМРО ДПМНЕ ви ја поклони на тацна господинот Љубчо Георгиевски на конгресот во Охрид 2003 иако мнозинството од членовите беа за другиот кандидат Марјан Ѓорчев и без неговото и наше лобирање никогаш не ќе станевте претседател и ќе останевте во Белград каде како „ВИСТИНСКИ“ Вмровец заминавте веднаш по поразот 2002год.

„Малку наназад првото недоразбирање помеѓ нашиот лидер Георгиески и Борис Стојменов беше затоа што него го смени од позицијата министер за финансии и ве постави вас на таа позиција а вие како знак на благодарност подоцна се споивте со Стојменов заради неговата Канал 5 и бевте добри сојузници против тој кој ве створи и двајцата
По вашето назначување за претседател на Вмро Дпмне веднаш пристапивте кон промена на целиот централен комитет и стававте членови во истиот од Демокртска Алтернатива со намера да имате мнозинство и да ја спроведете вашата идеја за отстранување на правото вмровско ткиво од партијата“, пишува Костоски.

Тој потсетува дека во 2004 година кога Кедев бил кандидат на претседателските избори, земајќи ги предвид минималните шанси на Кедев за победа на тие избори, дале предлог до Груевски да го бојкотираат вториот круг за да нема цензус и со тоа Црвенковски да не може да биде изберен за претседател, меѓутоа Груевски го одбил таквиот предлог, што според Костоски, го прави најголем виновник за тоа што Црвенковски седнал на претседателското столче.

„2005 година на локалните избори во Охрид во втор круг влезе нашиот кандидат од Вмро Нп и кандидатот на Сдсм а вие не ни дадовте целосна подршка и победи кандидатот на Сдсм и така Охрид го направивте комуњарски град само да не победи нашиот кандидат
Во истиот период започнавме преговори со вашите советници и некои независни да го превземеме советот и така да имаме контрола над него но по вина на болните амбиции на вашите советници истото не успеа,“ додава Костоски.

2006 ви дадовме подршка со нашите пратеници да имате комодитет во владата и да не бидете уценувани од дпа и дуи но наместо благодарност вие кога зајакнавте направивте се да ја растурите ВМРО НП и со разни уцени и давање на функции успеавте да поткупите дел од нашето членство (Весна Јанеска, Гиески, Спире Ристовски, Александар портпаролот, Суле , Божиноска, Даштески и др)

На последните парламентарни избори имавме преговори со вас и наместо фер однос вие наместо коалиција ни понудивте едно срамно и за нас неприфатливо нешто а тоа е згаснување на партијата и преминување во Дпмне односно значи да го рушиме тоа кое 12 години така со љубов го негувавме а тоа е ВМРО НП.
Ароганцијата која е присутна во нашата стара партија ве донесе во оваа положба и не треба проблемот да го гледате во Вмро за Македонија туку во вас лично и многуте полтрони кој се на високи позиции во Дпмне.
И денес кога веќе е извесно дека ќе сте опозиција во вашите редови се погласни зборувањата дека на крај го предадовте и сопственото членство со тоа што ги употребивте на познатите настани на 27 Април и вечерта ги предадовте ,меѓутоа тоа е ваша работа
Ние наследниците на Тодор Александров (ама не оние од вашите здруженија ) никогаш тоа немаше да го направиме, пишува Костоски во своето јавно обраќање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=245287965951838&id=100014119097928

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -