5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Зад Заев и СДС нема ниту еден успешен проект, партијата е синоним за деструкција

„Празни зборови, популизам и куп лицемерие. Овие карактеристики кои беа главно обележје на делувањето на Зоран Заев и СДС изминативе години, беа основата и на неговото обраќање со кое повторно бара поддршка за задржување на лидерското место во партијата.

Зоран Заев како лидер на СДС ги загуби парламентарните избори и во 2014 и во 2016 година, а под негово раководство СДС и нивниот кандидат загубија и на претседателските избори. Граѓаните не му веруваат и не му ја даваат нивната поддршка затоа што сметаат дека тој ниту има капацитет, ниту има знаење за да ја води државата.
Врв на лицемерието е човек кој цела јавност го гледа како бара поткуп од „едно евро за Вицето“, кој се заканува дека „ќе јаде живи луѓе“ или зборува дека „ќе се пука“, да говори за враќање на моралните вредности. Врв на лицемерието е човек кој цела јавност го гледа како бега од судските рочишта за бараниот поткуп, кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра во случајот Глобал или за криминалот во случајот „Пуч“ да говори за враќање на правната држава.

Зад Зоран Заев и СДС не стои ниту еден успешен проект. Партијата е синоним за деструкција, интриги и манипулации. Нивните први најави се дека ќе ги блокираат проектите отпочнати од Владата на ВМРО ДПМНЕ. На СДС му пречи што се гради нов Клинички Центар и што зградата на ЕЛЕМ добива нов изглед, а вработените во повеќе институции и тела добиваат посоодветни услови за работа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, само во последниве денови промовираше и посети голем број на проекти кои се реализирани или се во поодмината фаза на реализација. Такви проекти се ПЕТ Центарот, Клиничкиот центар во Битола, зградите на АД ЕЛЕМ и Факултетот за драмски уметности, автопатите Миладиновци – Штип, Демир-Капија – Смоквица, Кичево – Охрид, Македонската филхармонија, како и многу други проекти кои се од особено значење за сите граѓани на Република Македонија.

Очигледно сето ова им пречи на СДС, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е целосно различна и спротивна од нив. Резултатите од работењето на ВМРО-ДПМНЕ се видливи и нашата доверба кај граѓаните е евидентна, имајќи во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ победи и имаше поголем број на гласови и на последните парламентарни избори“, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

поврзани објави

Последни објави