14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Макрон го повика Трамп да него напушта Парискиот договор за климата

По завршувањето на самитот на Г-7 во Таормина, францускиот претседател Емануел Макрон, најде избрани зборови за Доналд Трамп, и покрај тоа што американскиот колега не се приклучи кон другите земји од Групата на седумте најразвиени за поддршка на Парискиот договор за борба со глобалното затоплување, пренесоа американските медиуми.

Макрон го пофали Трамп за „неговата способност да ислушува“.

-Видов лидер со силно изразени мислења за серија теми, од кои делови споделувам – борбата со тероризмот, волјата да го задржиме своето место во семејството на народите – и со кого имам разлики, кои ги разгледавме сосема мирно. Видов човек, кој ислушува и е подготвен да работи.

Трамп е прагматичар и „неговата намера да забележува напредок со нас“ е еден од главните успеси на средбата на врвот на Г-7, забележа Макрон, цитиран од британските медиуми.

Францускиот претседател изрази надеж дека Трамп ќе ги сфати негативните последици за американските компании, доколку земјата ја повлече од Парискиот договор за климата.

-Мислам дека тоа би било грешка. Му кажав на Доналд Трамп дека е исклучително важно за репутацијата на САД и интересот на самите Американци САД да останат ангажирани со Парискиот договор, изјави Макрон.

Макрон забележа дека дискусиите на самитот на Г-7 со претседателот Трамп за климатските промени се напредок во однос на тоа што можело да се очекува до пред неколку недели, пренесоа француските медиуми.

-Сметам дека имаше напредок и дека имаше вистински дискусии и вистинска размена на мислење. Треба да се има предвид почетната точка, кога само до пред неколку недели многумина мислеа дека САД ќе го напуштат Парискиот договор за климата, објасни францускиот претседател пред медиумите.

Белата куќа даде одлична оценка за денеска завршената дводневна средба на врвот на Г-7 во Таормина, пренесе ТАСС.

-Претседателот Трамп имаше серија исклучително содржајни разговори со светските лидери и овие средби минаа задоволувачки добро, изјави шефот на Националниот економски совет на Белата куќа, Гари Кон.

Трамп и неговите колеги „отворено разговараа“ за серија светски проблеми, додаде тој. Освен тоа, Трамп со лидерите од Г-7 ги разгледа и трговските прашања и „ посебно посвети внимание на праксите кои им штетат на американските работници“, рече Кон.

поврзани објави

Последни објави