Според порталот на албански јазик shkupipress.com ова се имињата на идните министри од ДУИ во новата Влада на РМ, предводена од СДСМ:
Хазби Лика -Вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика
Бујар Османи – Вицепремиер за Европски интеграции
Аднан Јашари – Министер за правда
Садула Дураки-Министер за локална самоуправа
Фатмир Бесими-Министер за економија
Башким Ахмети-Министер за животна средина
Арбен Таравари од партијата на Села како претставник на Алијанса за Албанци-Министер за здравство
Според овие неофицијални информации , во Владата нема да ги гледаме Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта кои беа главните преговарачи за постизборно коалицирање со СДСМ.
Секако ова треба да се земе со резерва, а како што најави Зоран Заев, најдоцна до утре, недела, ќе завршат преговорите, а веќе во понеделник треба да биде објавен составот на идната Влада.