„БЕСА останува во опозиција, но и понатаму ќе биде главен фактор за заштита на Албанците и е отворена да поддржи реформи за подобрување на статусот на албанските и останатите граѓани.
Ние сакаме да бидеме различни од владеењето Ахмети – Груевски и затоа го баравме овој договор, бидејќи не сакаме да бидеме како Ахмети и кога се прашање правата на Албанците да велиме дека Груевски ги опструирал“, изјави Касами.
Тој кажа дека Заев не прифатил редефинирање на државата и дека поради тоа БЕСА заминува во опозиција и нема да биде дел од новата влада.