fbpx
2.8 C
Skopje

Никола Димитров ќе биде новиот министер за надворешни работи на Република Македонија

АКТУЕЛНО

Поранешниот преговарач за името и заменик министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе биде новиот министер за надворешни во владата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Оваа одлука вечерва ја соопшти лидерот на СДСМ, по заседавањето на Централниот одбор на СДСМ.

Како министри предложени се Радмила Шеќеринска – министер за одбрана, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски – министер за финансии, Рената Десковска – министер за образование, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, Мила Царовска – министер труд и социјала, Роберт Алаѓозовски – министер за култура, Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација, Горан Сугаревски – министер за транспорт и врски.

Министри без ресор се Кочо Аѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска, Зоран Шаповиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -