Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во обвинителството за организиран криминал и корупција бил повикан да даде исказ во врска со кривичната пријава која СДСМ ја поднесе против четворица функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои истовремено биле министри во техничката влада и пратеници.
Заев по исказот рече дека очекува до среда навечер ќе биде изгласана новата влада и дека прво на дневен ред ќе биде укинување на екстерното тестирање.
Идниот премиер потенцираше дека се подготвени околу 30 закони од повеќе области кои ќе бидат приоритет на новата влада, а во насока на подобрување на животот на граѓаните и владеењето на правото. Неговиот правен тим ги подготвува барањата за проверка на министрите во новата влада, осносно дали против нив се води истрага во Специјалното јавно обвинителство.