8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Како КУРИР го опишува идниот министер за надворешни работи

Еве како порталот Курир го опишува идниот министер за надворешни работи, Никола Димитров

Луѓето кои што добро го познаваат Никола Димитров ќе речат дека неговото предлагање за министер за надворешни работи е круната на неговата превртлива реторика. Секогаш попустлив пред странците, а на домашна адреса ја следи логиката на добра фасада, без суштина. Планот беше да им го утрапат на ВМРО-ДПМНЕ. Беше неуспешно, па го утрапија на Зоран Заев.

Оние кои добро го познаваат ќе речат дека додека се надеваше дека може да стане министер или нешто многу крупно во владата на Груевски се додворуваше  таму. Глумеше загрижен патриот, а луѓето го прифаќаа бидејќи знаеја дека мајка му беше пратеник во првиот пратенички состав, а татко му кратко околу една година министер за култура во владата на Георгиевски.

Откако сфати дека не може да биде министер и дека е комплетно прочитан, се сврти кон СДСМ. Во истиот момент и неговите родители се свртеа кон СДСМ, одејќи на нивни настани организирани од НВО на Сорос и СДСМ. Мајка му дури направи обид да убедува пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да застанат против ВМРО-ДПМНЕ. Жената сериозно ја сфати својата улога дека треба да му помогне на синот да стане министер.

Татко му важи за голем обожавател на Бугарија, и нестабилен човек, склон кон брзо поднесување оставки доколку добие одговорност. Сличен е и синот, кој во 1999-тата година поднесе оставка како заменик министер за надворешни работи во времето на Георгиевски по неполна година.

Негов работодавач веќе повеќе години е меѓународната заедница. Работи во политички институт во Хаг, кој е финансиран од САД, Холандија и други.
Луѓето кој добро го позаваат велат Димитров дојден е со задача, за промена на името. Претходно имаше задача да учествува во рушењето на владата на ВМРО. Тој тоа ќе го нарече спас за Македонија за влез во НАТО и ЕУ. Своевремено како преговарач за името јавно застана на страната на Бранко Црвенковски и неговите позиции.

Како амбасадор на Република Македонија во САД предложен од Борис Трајковски се истакна по неколку работи. Чести посети на казина, особено оние во Лас Вегас, редовно вечерно опуштање со чашки алкохол, и плукање и оцрнување на тогаш новото раководство на ВМРО во Вашингтон. Подоцна сам им признал за тоа и се извинил за лоша негова проценка. Во ВМРО-ДПМНЕ го прифатиле извинувањето.

Во кумска врска е со Борјан Јовановски. Кога е во Скопје скоро секоја вечер заедно ги затвораат кафеаните каде престојуваат, прилично развеселени и со дузина скадали зад себе.

Во 2011-та се понудил самиот да стане член на ВМРО-ДПМНЕ со услов доколку добие позиција МНР. Заради видливата нестабилност како личност, либералните позиции за спорот со името кои се во насока за негова промена, заради претходната нескриена блискост со Бранко Црвенковски, и заради можноста далеку поспособниот и постабилен Никола Попоски да ја прифати понудата, Димитров е одбиен, но сепак овозможено му е да биде амбасадор во Хаг.

Од пред некоја година подновен со стан од 250 илјади евра во Хаг „од амбасадорската плата“ која едвај стигнува за нормален живот на амбасадорите, јавно застана на протестите на СДСМ против владата на ВМРО-ДПМНЕ и секоја недела даваше интервју против владата.

Вешт и убедлив говорник и манипулант. Најголема предност и сличност со Бранко Црвенковски има во моќта на убедување дури и кога има шупливи тези.  Откако ќе ја заврши работата со името, ќе си се врати на работа кај меѓународната заедница, во очекување на наградна повисока позиција и повеќе пари.

Неговите познавачи велат, никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Не почувствувал потреба за тоа ниту кога неговите родители биле на високи функции, ниту кога тој бил на висока функција.

Груевски го фалеше до небо кога тоа му беше потребно за да напредува во кариерата или да оствари некоја своја лична цел. Неверојатно е вешт во тоа. Недостоинствено фалење, на маса пред повеќе луѓе од кое и на најблиските соработници на Груевски им создаваше непријатна слика на локален “подлизурко”.

И се така додека не се вработи во институтот во Хаг, и не доби задача да го плука и напаѓа тој кој до вчера го величеше, и му глумеше близок и доверлив соработник и пријател.

Првиот ден откако смени работа, смени и страна, и без ни малку срам и достоинство прифати да биде дел од поширокиот тим за уривање на владата со цел промена на името. Се разбира, требаше да се смисли друга причина за уривањето, како на пример обвинувањата за наводна корупција или криминал, несовесно и неодговорно работење и слично, затоа што ако се кажеше вистинската причина тогаш рејтингот на владата ќе пораснеше наместо да падне.

Шармантен и духовит, харизматичен и уверлив, Димитров гази преку трупови без никакви морални скрупули. Секогаш за секој негов чекор си наоѓа објаснување и тера. Вешт манипулант кој често во друштво прераскажува како успеал да изманипулира други соговорници и да ги увери во нешто што и тој не верува, и е прилично горд со тоа, се фали со тоа и раскажува, убеден дека така ќе си ја подигне својата вредност и цена.

Со него никој не е никогаш на чисто. Македонија во клучни времиња добива ретко нестабилна личност за министер за надворешни работи.

 

 

поврзани објави

Последни објави