6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Макрон до Путин: Ниту еден важен проблем во светот не може да биде решен без Русија (ФОТО)

Ниту еден важен проблем во светот не може да биде решен без учеството на Русија“. Ова го изјави новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон на прес-конференцијата со рускиот претседател Владимир Путин по историската средба Франција – Русија во Версај.

Макрон на својот руски колега му кажа дека, би сакал соработката меѓу двете држави да биде засилена, пренесува агенцијата France Presse. Зборовите на францускиот претседател се дека Русија игра важна улога во современиот свет. Макрон исто така посочи, дека двајцата со Путин разговарале за идејата за скорешна средба на Нормандската четворка (Германија, Франција, Русија, Украина)

Покрај желбата за подобрување на односите меѓу двете земји, шефот на француската држава предупреди дека ќе биде „буден“ за почитувањето на човековите права во Русија и Чеченија.

Макрон, исто така, сака да го „зајакне партнерство со Русија” во борбата против тероризмот во Сирија. – Наш приоритет е борбата против тероризмот …. тоа е водечкиот принцип на акциите во Сирија и она што сакам, надвор од работа која ја правиме во рамките на коалицијата, е да можеме да го зајакнеме нашето партнерство со Русија, истакна Макрон.

Рускиот претседател, од своја страна, потврди дека приоритет е борбата против тероризмот

– Ние сме согласни дека борбата против тероризмот треба да биде приоритет. Емануел Mакрон предложи заедничка работна група за ова прашање. Убеден сум дека ако работиме заедно, ќе успееме да победиме против тероризмот , истакна Путин.
Макрон, исто така, ја појасни работата на странски новинари (особено руските) за време на предизборната кампања.

– Секогаш имав примерен однос со странските новинари. Раша Тудеј и Спутник не се однесуваат како медиуми, туку како органи за вршење пропаганда и лажна пропаганда, ништо помалку, вели Макрон. Францускиот претседател на овај начин го оправда одбивањето да акредитира новинари од Спутник и Раша Тудеј за време на неговата изборна кампања, со оглед дека, како што тој тврди, овие два медиуми ширеле невистини на негова сметка.

Путин претходно го негираше обвинувањата за руското мешање во француските претседателски избори.

поврзани објави

Последни објави