fbpx
0.8 C
Skopje

Вучиќ: Срамно е што Македонија ги дала транскриптите од прислушуваните разговори

АКТУЕЛНО

Српскиот премиер во заминување, Александар Вучиќ, изјави во интервју на ТВ Пинк дека е срамно тоа што Македонија ги дала транскриптите од прислушуваните разговори на лидерот на српската партија, на дипломат од Амбасадата на Србија во Македонија и новинар од Белград, и дека не верува дека тоа го направила таа земја, туку една западна служба, пренесува N1.

Вучиќ во последниот настап како премиер на ТВ Пинк се праша кои се тие медиуми кои објавуваат прислушувани разговори, и порача дека во Србија такви работи немало додека тој бил на чело на Владата.

– Во Србија прислушувани разговори не се објавувани во медиумите во последниве години, барем не оние по 2012 година Се разбира дека ги има, во согласност со законот, но не и во медиумите. Одговорни земји се однесуваат на одговорен начин – рече тој.

Вучиќ рече дека на изборите за претседател на Србија се кандидирал и победил за да го „спречи враќањето во минатото“, што сакале да го направат „тие кои земјата ја уништуваа и рушеа“.

Идниот претседател на Србија истакна во интервјуто на тв Пинк дека од странство имало огромни притисоци и биле вложени многу пари за соборување на неговата влада, но за да се обелодени тоа е „потребна одредена историска дистанца“.

Вучиќ рече дека му јавиле „од службите“ дека опозоцијата за време на неговата претседателска инаугурација утре подготвува „контрамитинг“ на собирот на неговата партија пред Собранието, и на кој сакаат некого да истепаат, но дека тоа нема да се случи.

Телевизијата N1 потсетува дека КРИК врз основа на наводните транскрипти од телефонските разговори, објави дека разузнавачот на БИА во Македонија Горан Живаљевиќ во проруски и други пропагандни активности соработувал со претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ и новинарот на „Политика“ и српски пратеник, Мирослав Лазански.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -