Прво и основно јас сум претседател на Собранието, избран од парламентарното мнозинство. Договорете се дали ќе комуницирате со пратеникот или со претседателот Талат Џафери. Во случајов, да ве потсетам – ако продолжите да се обраќате до пратеникот Џафери, тој има според деловникот и законот има право да го користи својот јазик, се дури се обраќате кон мене како пратеник, јас ќе ја користам деловничката можност да си го користам својот јазик.
„Секое едно ваше обраќање кон мене како пратеник, ќе го користам правото да одговарам како пратеник,“ рече новиот претседател на Собранието Талат Џафери како реплика на она што го кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.