Ве известуваме дека на барање на Уредникот на Канал5 тв, интервјуто на претседателот на ОМ Љубе Бошкоски во емисијата Само вистина се одложува.
Ќе бидете дополнително известени околу деталите за гостувањето во иднина, стои во дописот од Канал5 до ОМ.
Останува нејасно која е вистинската причина за ваквото одложување, ако се земе во предвид дека на официјалната страница на Канал 5 пишува дека денес во „Само вистина“ нема ништо да се емитува.