-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

ОН: Над 1.700 мигранти загинале или исчезнале во Средоземното Море во 2017. година

Високиот комесаријат на бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти денеска дека повеќе од 1.700 мигранти и бегалци загинале или исчезнале од почетокот на годината во Средоземното Море во обид да стигнат до Европа.

Вкупниот број на загинати и исчезнати од почетокот на 2017 година е над 1.720, изјави портпаролот на УНХЦР, Бабар Балох.

Според Балох изминатата недела во италијанските пристаништа Кротоне, Палермо и Катанија се донесени телата на 50 луѓе, кои загинале во бродоломи.

Според него „има стравувања дека загинале и исчезнале уште десетици лица“.

Според податоци на УНХЦР од почетокот на годината во Северна Африка во Италија пристигнале над 60 илјади мигранти и бегалци. Изминатата недела се спасени околу 9.500 лица.

поврзани објави

Последни објави