-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Ибрахими до Заев: Што го поврзува зборот „реформа“ со кадар од ДУИ?

Како се вика тој кој во прислушуваните разговори што ги објавивте беше корумпирана личност, а денес е во вашиот кабинет. Дали тој се уште е корумпирана личност или Вие му опростивте. Дали СЈО ја отфрлила тужбата против поранешниот министер за здравство во владата на Никола Груевски?

Што е ова што го поврзува зборот „реформа“ со кадарот од ДУИ. Кога гледам одредени министри од вашата влада, сакам да ве прашам која е пораката која ја пративте на албанците, на младите албаните. Дали им велите Вие можете да крадете, затоа што на крајот јас ќе ве направам функционери и ќе ви опростам.

Зошто не го опростите и Муса Џафери и Абдулаким Адеми? И тие се исти, како овие. Почитуван г. Заев ако вашиот партнер ви го наметна името на првиот човек на Парламентот, и ако денес ви ги наметна министрите со кривични досиеја, дали тоа значи дека вашата Влада е заробена од ДУИ, следствено и од ВМРО. Дали од тоа произлегува дека ваш министер предложен од ДУИ ќе биде Никола Груевски. Како се вика партијата која 10 години беше во служба на ВМРО, 20 дена преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, а на крајот направи Влада со СДСМ. На овие луѓе од ДУИ веќе никој не им верува, освен господинот Заев. Како се викаат политичарите кои велат дека не влегуваат во Влада без да се измени Уставот, без да биде парламентот дводомен и албанскиот јазик да биде службен, а денес е дел од Владиниот кабинет, и покрај тоа што ништо не е исполнето.

Дали некој видел каков е договорот помеѓу коалиционите партнери? Како се викаат тие политичари кои се откажуваат од заедничката декларација на албанските политички партии?

Тој кажа дека има и позитивни нешта во новиот владин кабинет. Како дел од БЕСА, сакав да гласам за овој владин кабинет, но не можам да бидам мазохист. Не можам да гласам против самиот себеси. Се плашам од Господ, се плашам од тие гласачи на кои им ветив дека нема да гласам корумпирани и инкриминирани личности. Посакувам да грешам, би сакал вие да имате успех, рече Ибрахими од Беса во своето обраќање од собраниската говорница.

поврзани објави

Последни објави