0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Џафери до Ѓорчев: Оди на своето место, не сум ти дал збор!

Интересна ситуација настана денеска во Собранието на Република Македонија. Имено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев побара процедурално и излезе на говорница и покрај тоа што немаше добиено збор од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери, како претседател на Собранието го замоли пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев да седне на своето пратеничко место, бидејќи се уште не добил право на збор од претседателот на Собранието и затоа не смее да стои на говорница се додека не добие збор. За разлика од него, Ѓорчев рече дека деловникот му го дозволува тоа право и не го послуша по Џафери, при што остана да виси на говорницата.

Веднаш по ваквата негова реакција, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 18:00 часот.

поврзани објави

Последни објави