Италијанскот премиер Паоло Џентилони порача денеска дека го споделува ставот на германската канцеларка Ангела Меркел оти „Европејците мора да ја преземат судбината во свои раце“.
Џентилони, на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо, ја потврди важноста на врските со САД, но нагласи дека двете страни имаат „суштински различни цели од кои не можат да се откажат, како што е климата“.
Трудо престојува на посета во Италија со цел да ги унапреди трговските и културните врски.
Меркел изминатиот викенд истакна дека „Европејците навистина мораат да ја земат нивната судбина во свои раце“, пред неизвесностите поврзани со САД и Брегзит.