8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа

„Граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа која ќе им биде на располагање и ќе реализира проекти во нивна полза.

СДС вчера го манифестираше својот страв и антидржавното делување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и советите на општините и градот Скопје.

СДС со ваквото свое дејствување прави срамен преседан и го загрозува нормалното функционирање на единиците на локална самоуправа.

СДС ги доведува во прашање исплатите на платите на вработените во општинската администрација, функционирањето на јавните претпријатија формирани од општините, детските градинки, основните и средни училишта, противпожарните служби, но и го оневозможува издавањето на разни дозволи и одобренија, кои ги потпишуваат градоначалниците или претседателите на совет.

Со одолговлекувањето и пролонгирањето на процесот за одржување на редовните локални избори, СДС ќе сноси директна вина и за секоја друга штета што ќе се јави како последица на таквото пролонгирање.

СДС ќе сноси директна вина и за економската стагнација која е можна да се случи во оделни општини или државата во целост.

СДС се свесни за штета која и ја причинуват на државата, но поради тесно партиски интереси го жртвуваат нормалното функционирање на државата. Граѓаните го гледаат тоа и за тоа ќе ги казнат на избори.

Партија како СДС што единствено се служи со интриги, манипулации и деструкција со цел да има одреден бенефит партиски и личен, не заслужува да ја води државата. Граѓаните не сакаат да бидат водени од манипуланти.

Граѓаните сакаат одговорни политичари, а СДС треба да се охрабри и заедно со локалните да распише и предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави