Младата македонска фолк пејачка Стојне Николова продолжува со успех да ја гради својата музичка кариера. Најново во нејзиниот репертоар е песна со фолк тема и патриотска содржина насловена како „Ајде Македонијо“.
Музиката и текстот се на саксофонистот Јане Рафаиловски, кој се појавува заедно со Стојне во видеоспотот. Aранжманот е на нејзиниот постојан музички придружник, клавијатуристот Бобан Мојсовски, додека песната е снимена и продуцирана во студиото „Анастасија“.
Видеото го изработи „Арт студио“, истото e снимано на неколку прекрасни локации низ Македонија, како крстот на Водно, Мавровското езеро и локалитетот Кокино.
Во продолжение следи нејзиниот видео запис: