14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Харадинај: Брат и сестра прво ми се Албанците – Србија е непријател!

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај во денешното интервју за косовската телевизија РТК, изјави дека Србија е непријател на Косово.

Харадинај остро изреагира на прашањето дали ја гледа Србија како партнер на Косово.

„Најверојатно се шегувате. Погрешно е да го прашате идниот премиер дали Србија е партнер. Србија не е партнер, партнер ми е Албанија. Брат и сестра прво ми се Албанците, тие кои ме сакаат. Хрватска ми е партнер, партнери ми се Австрија, Германија. Србија е непријател,“ посочи Харадинај.

Тој додаде дека ако Србија продолжи да не го признава Косово и Косово нема да ја признава Србија.

поврзани објави

Последни објави