fbpx
1.8 C
Skopje

Бела куќа: Трамп многу добро се согласува со Меркел

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп гледа на Германија како на важен сојузник на САД и многу добро се согласува со канцеларката Ангела Меркел, соопшти Белата куќа.

Тие многу добро се согласуваат. Тој многу ја почитува. Трамп не само на Германија, туку и на остатокот од Европа гледа како на важен сојузник на САД,“ истакна портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Спајсер ја даде изјавата откако американскиот претседател ја критикуваше вчера Германија поради големиот трговски суфицит со САД и малите финансиски издвојувања за војската.

Претходно, пак, Меркел изрази сомнеж дека САД се доверлив партнер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -