fbpx
0.8 C
Skopje

Бугарски европратеник со идеја за проекти за доброто на Делчево

АКТУЕЛНО

Најмладиот европратеник во Брисел од Бугарија Андреј Новаков кој во македонската јавност стана познат по тоа што самоиницијативно им помагаше на граѓаните во поплавените подрачја во Македонија продолжува активно да соработува со македонските граѓани.

Покрај тоа што Новаков доброволно помагаше во поплавените подрачја, тој како европратеник во Брисел, отиде чекор подалеку односно го покани својот пријател и колега од факултет во Благоевград, Делчевчанецот Венци Димитровски да отиде во Брисел, со цел да се воспостави една соработка и преку ЕУ проекти да се помогне за градот Делчево кој се наоѓа на само 10 километри од Македонско – Бугарската граница.

Целта на посетата во Брисел како што ни објаснува Венци Димитровски од Делчево, е да се имплементираат задгранични проекти за млади кои ќе допринесат за развојот на градот и кои ќе бидат од огромно значење за младите во Делчево.

Пријателството на Венци Димитровски од Делчево и на најмладиот европратеник во Брисел од Бугарија, Андреј Новаков започнало од нивните студентски денови и трае до ден денес.

Димитровски за ПОГЛЕД вели дека има само пофални зборови за неговиот другар и колега Андреј Новаков.

Тој ми е како брат. Новаков покажа како треба да се однесува и да постапува еден млад и одговорен политичар. Тој покажа и докажа што значи да бидеш фокусиран на зајакнување и подобрување на добрососедските односи. Неговата покана да заминам во Брисел за да разговараме за прашања од суштинско значење за мојот град во Македонија ми значи многу, но верувам дека доколку истите се остварат ќе значат многу и за сите граѓани на Република Македонија, како и за добрососедска политика меѓу двете држави.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -