3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Латас на распит во СЈО

Уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас беше повикан да даде исказ во Специјалното јавно обвинителство. Оттаму не откриваат за кој случај бил повикан, а по завршувањето на распитот тој ја напушти зградата на СЈО од задниот влез. Само кратко изјави дека тоа е негова лична работа.

Тој е осомничен во два случаи коишто ги отвори Специјалното јавно обвинителство, „Тотал“ и „Тревник“. Во случајот „Тревник тој се сомничи за бесправно градење на луксузни куќи во општина Зелениково, а во другиот случај се товари за даночно затајување.

поврзани објави

Последни објави