После 11 години опозиција, вечерва се очекува СДСМ да ја изгласа новата влада која ќе биде предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во новата влада на Република Македонија, влегуваат СДСМ и коалицијата, Алијансата за Албанците и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски заминува во опозиција после 11 години власт и денешниот ден ќе биде последен ден на „Илинденска 2“.
Покрај ВМРО-ДПМНЕ, во опозиција ќе биде и албанската политичка партија БЕСА чии преговори со СДСМ пропаднаа поради тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев не сакаше да ги исполни нивните барања за редефинирање на државата.