Покажавте дека критиката ви е јака страна, и оправдана или не, добро критикувавте. Од утре сепак ќе почне нов период, кога ќе се очекува од вас да направите некое добро дело, да направите исчекор. Во иднина ќе ве потсетуваме какви се добри дела ветивте, секогаш аргументирано ќе ве критикуваме. Долго време најавувате дека кога ќе бидете власт ќе има ред, мир, фер однос кон сите, плата од 30 000 денари и дека тоа ќе го спроведете преку отчетност и дека тоа ќе го остварите ова преку контрола од ова Собрание.
Сакам да ве потсетам дека доверба се гради чекор по чекор. Ако утрото по денот се познава, не сте на добар пат. Најдобриот одговор кој што го слушнавме е – целта ги оправдува средствата. Македонија не почнала со нас, нема да заврши со вас. Реформи ни се потребни, треба да чекориме напред. Вие треба да покажете дека сте подготвен да прифатите критика, врз аргументи. Тоа го најавите а не сте на добар пат. Нема да ви помине дека ВМРО-ДПМНЕ направило ова, направило она. Ние ќе ве поддржиме во секој чекор кој ќе биде правилен. Од вас ќе очекуваме човечна влада.
Вие барате од нас да бидеме конструктивна опозиција. Јас би потсетил дека истите кои сега велат дека треба да имаме конструктивна опозиција напаѓаа полицајци, многумина велат – ја превртеа државата наопаку, за власт. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде опозиција различна од таа каква што бевте вие. Не заради вас, заради тоа што имаме должност. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде во институциите, треба да дејствува обединето заради интересите на граѓаните. На луѓето им должиме спокојство и мир.
Никола Попоски рече дека тие ќе бидат тука и ќе даваат сугестии како да се подобри животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.
„Кога ќе ви се јави апетитот за јадење живи луѓе треба да знаете дека меѓу вас и оброкот има одговорни граѓани кои будно ќе ја следат вашата работа. Би сакал поинаку да се однесувате на власт, од она како се однесувавте во опозиција“, му рече Попоски на мандатарот Зоран Заев.