Новиот премиер на Република Македонија Зоран Заев вечерва беше пречекан со овации пред седиштето на неговата партија. Тој таму одржа говор пред присутните граѓани кои дојдоа да го прослават изборот на новата влада на Република Македонија.
„Искрена беше борбата и ги сруши сите бедеми пред нас и сите ридови и планини кои беа исправени пред нас. Чекор по чекор, со многу желба за слобода, демократија, еднакви вредности, за нас и нашите деца и за генерациите кои доаѓаат пред нас. Го имаме сето право на светот да бидеме радосни.
Господ ни даде голема чест. Честа дојде со маки. Без маки ја нема ни честа. Но ни се падна на нас, на сегашните генерации. И јас, и вие верувам дека не сме свесни ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ што направивме.
Сакам да знаете сите дека не беше лесно да се додржи вербата. Но образот никому не го дадовме под кирија. Само на нашиот народ му должиме. Тој долг мора да го реализираме. Борбата мора да има конечна цел. Целта се вика – ЖИВОТ во Македонија за сите.
Народот очекува многу. Ќе има успешност и секоја ќе почувствува ако имаме разбирање меѓу себе. Немаме друга татковина, ниту мајковина. Ајде да си помагаме, рака да си пружиме, секој секому да испорача помош таму каде што треба. Апелирам до оние од високите функции, до оние после нив, до оние најниските. Да ми водите грижа за граѓаните оти ќе има оставки и разрешување.
Денес излеговме со решенија на луѓе кои се бореа рамо до рамо со нас. Сите мора да ја почувствуваат слободата и правдата, благодет за своите семејства. Да отвориме работа за младите, да ја вратиме насмевката на луѓето кои што заборавија да се смеат. Ова е можно само ако бидеме другари и другарки меѓу сите.