fbpx
-0.2 C
Skopje

МБП: Го поздравуваме изборот на новата ВЛАДА и се надеваме дека Македонија конечно ќе тргне напред по патот на ЕУ и НАТО

АКТУЕЛНО

Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ го поздравува господинот Зоран Заев за претседател на новата македонска Влада и му посакува истрајност во решавањето на тешките задачи кои стојат пред него и неговиот тим.

Силно се надеваме дека новата Влада на Р. Македонија ќе ги направи потребните чекори за излез од длабоката политичка криза во која веќе неколку години се наоѓа нашата земја  За нас од огромна важност  е да се прекинат  лошите практики од минатото. Ваша обврска и одговорност е  партизираноста на системот, корупцијата и непотизмот, да бидат  искоренети.

На меѓународен план очекуваме новата влада да работи напорно и да ја врати Македонија, таму каде што беше пред 10-тина и повеќе години, а имено, земја која чекори уверено кон својата евроатлантска интеграција.

За нас од огромно значење е и подобрувањето на односите со сите наши соседи и пред се Р. Бугарија како наша најблиска  и братска држава во регионот. Бугарија е наш партнер и ќе ни помогне по патот кон ЕУ и НАТО, но и нашата држава треба да се потруди и да работи за зближувањето на двете земји. Тука мораме да го напоменеме и јазикот на омразата, кој за жал се уште постои, во однос на Бугарија, бугарскиот народ и Македонците со бугарско потекло. Омразата според нас не може да биде дел од денешното време и треба да остане во минатото, бидејќи токму во минатото беше и наметната поради идеолошки причини. Тоа според нас е од огромно значење за европскиот и целосниот развој на Р. Македонија.

Се надеваме дека новата влада нема да губи време во непотребен политички реваншизам, туку сите свои сили ќе ги концентрира врз борбата за напредокот и доброто на сите граѓани на Р. Македонија,  без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -