16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Британскиот министер за Европа го честита изборот на новата македонска Влада

Британскиот министер за Европа Алан Данкан и честита на Македонија и на новиот премиер Зоран Заев за изборот на новата Влада и смета дека тоа е позитивен напредок по долготрајната политичка криза.

– И честитаме на Македонија за формирањето на новата Влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата Влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евро-атлантските институции, изјави Сер Алан Данкан.

поврзани објави

Последни објави