16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Димитров оствари средба со ИО на Синдикатот на Македонската дипломатска служба

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешното преземање на функцијата имаше средба со проширениот состав на Извршниот одбор на Синдикатот на Македонската дипломатска служба. Како што соопшти МНР, Димитров изразил почит и благодарност за храброста и повеќегодишните напори на Синдикатот во одбрана на професионализмот на дипломатите на Република Македонија.

Нагласувајќи дека и самиот професионален дипломат, кој на овој начин се враќа во Министерството, тој акцентот го стави на натпартискиот карактер на Министерството и сочувувањето на интегритетот, не само на Министерството, туку и на сите дипломати, соопшти МНР.

Целта, рекол Димитров, е достоинствено, но и квалитетно да ја претставуваме сите заедно Република Македонија во странство. – Едновремено, да бидеме и првиот сегмент во преносот на добрите практики и квалитетните достигнувања од странство во Република Македонија, истакнал Димитров.

Новиот шеф на македонската дипломатија изразил отвореност за соработка и заемна помош со Синдикатот со што, смета, ќе се врати професионализмот и дигнитетот на професијата, но и Министерството ќе си ги поврати својата позиција и својот повеќедецениски углед како Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави