fbpx
-4.2 C
Skopje

Укинато е ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ

АКТУЕЛНО

Со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, укинато е екстерното тестирање. Гласањето беше пропратено со аплауз во собраниската сала, каде отсуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неколку-годишното спроведување на екстерното тестирање покажа дека наместо да го подобри квалитетот на образованието, состојбите во образованието само се влошија.Огромен дел од стручната јавност, но и директните учесници во образовниот процес, пред се наставниците, по овие неколку тестирања ги искажаа своите ставови и критики за екстерното тестирање. Екстерното тестирање како механизам за оценување донесе само стресови и фрустрации во целиот наставен процес. Не само што тестирањето технички беше пропратено со многу нерегуларности и неточности, туку стотици луѓе од администрацијата се ангажираа за да се спроведе нешто, што малку што може да измери. Политиката, пак, влезе во образованието преку влијанието што оценката на екстерното тестирање го доби во реален контекст. Оценката на тестирањето законски влезе во свидетелствата на децата и влијаеше на нивниот среден успех. Тоа значеше дека една бирократска операција го „контролира“ успехот на децата. Апсурдот беше што во свидетелствата на децата се пишуваа и единици, како оценки кои законски не се преодни. Но, најголеми контроверзи есктерното донесе во кариерата на наставниците. Доколку оценката на детето по некој предмет во голема мера се разликува од оценката на наствникот (за една или за две оценки), наставникот влегува на „црн список“ и ако тоа се случи две години по ред, тогаш наставникот ќе го загуби своето работно место. Директорот на училиштето ќе му даде отказ, поради незадоволнителни резултати од работењето. Овој чин ја прелеја чашата и покажа дека некој од власта сака „да владее“ со наставниот процес, но најмногу со наставниците. Заканите за парични казни и намалувањето на платата беше, исто така, дел од процесот, веројатно како казнено-воспитна мерка за „послабите“ наставници“ стои во образложението на законот предложен од СДСМ и ДУИ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -