16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Средба на министерот Димитров со амбасадорите на Словенија и Хрватска

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари заедничка работна средба со амбасадорите на Словенија и Хрватска, Милан Јазбец и Даниела Баришиќ. Во својство на коорганизатори, тие му врачија на министерот покана за учество на Министерскиот состанок што в сабота, 3 јуни, ќе се одржи на маргините на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ во Брдо, Република Словенија.

Воедно, амбасадорите му упатија срдечни честитки на министерот Димитров и му посакаа успех во извршувањето на функцијата. Тие изразија уверување дека ќе ја има нивната конструктивна поддршка во остварувањето на евроатлантските и европските цели како врвни надворешно-политички приоритети на Република Македонија. Соговорниците изразија задоволство од нивото на билатералните односи кои се пријателски и без отворени прашања, а разменија и мислења за идните активностите кои ќе се преземат во насока на зајакнување на соработката на билатерален, мултилатерален и регионален план, информира Министерството за надворешни работи.

поврзани објави

Последни објави